Skip to main content

Загребска населба трнско

Едно лице загина при експлозија и пожар во стан

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот, а откако го изгасиле пожарот во станот пронашле тело.
 |  инфодеск  | 
Пожар Загреб

Во загребската населба Трнско рано утринава дошло до експлозија, па пожар во стан. Според тамошните медиуми, експлозијата се случила во стан сместен на првиот кат од зградата.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот, а откако го изгасиле пожарот во станот пронашле тело.

Полициската управа во Загреб потврди дека во Трнско избувнал пожар, а повеќе информации ќе бидат познати по истрагата која е во тек.

Денеска, 01.10.2022 година, околу 06:20 часот во Загреб, ул.„Трнско“ од засега неутврдена причина избувнал пожар во стан при што едно лице починало и експлодирала плинска боца. Медицинска помош е укажана уште две лица поради вдишување чад, додека други повредени нема. Истрагата е во тек – извести полицијата.