Егзекутиран Акмал Шаик
Британскиот државјанин Акмал Шаик, осуден за криумчарење на дрога e егзекутиран во Кина во вторникот, јавуваат агенциите. Премиерот Гордон Браун потврди и го осуди ваквото извршување на казна врз човек во 21 век.
„Го осудуваме извршувањето на смртна казна и разочаран сум дека нашите упорни барање за помилување не беа исполнети,” рече Браун во соопштението за јавноста. Тој додава дека немало основано сомневање за таква пресуда.
„Британија се обидуваше единаесет часа да ја убеди Кина да го запре извршувањето на смртната казна, но безуспешно„изјави британскиот министерство за надворешни работи Иван Луис.
Апелот на британските власти се однесуваше на 53-годишниот осомничен Акмал Шаик осуден за шверц на дрога.
Околу 40 роднини и пријатели демонстрираа пред кинеската амбасада во Лондон за ослободување на Шаик од пресудата, со образложение дека сторителот страда од биполарно растројство и дека токму затоа треба да биде ослободен од казната.
{loadposition content9}