Skip to main content

Ова се експертите кои открија дека Volkswagen прави измама

Во два дена компанијата ја чини 20 милијарди евра

 |  инфодеск  | 

Истражувањето кое доведе до потврда дека компанијата прави измама, во два дена Volkswagen  ja чинеше повеќе од 20 милијарди евра, а ќе ja чини веројатно многу повеќе со оглед на тоа дека ќе следуваат барања за отштета.

Во групата луѓе кои открија дека големиот и моќен Volkswagen ги лажел своите купци бил професор, двајца штотуку дипломирани студенти, истражувач од факултет и лидерот на тимот, инженерот Daniel Carder, директор на Универзитетскиот центар за алтернативни горива и мотори.

Carder во интервју за Reuters го изразил своето чудење на реакцијата на автомобилскиот џин и рекол дека тој и неговиот тим ова го истражување го започнале пред година и половина, а потоа ги објавиле резултатите.

“Кога ги видовме првите резултати бевме шокирани, се сомневавме во себе, се прашувавме каде сме згрешиле. Потоа се покажа дека сме биле во право и дека Volkswagen  знаел за истрагата и за резултатите на кои самите присуствуваа на презенатцијата”, изјавил Carder.