Експлозија на 13 милиони гранати во Русија
Најмалку 34 луѓе се повредени во неколку експлозии во магацин со муниција во Чапаевска во самарската област во Русија, во кое има 13 милиони гранати.
| Голабовски Крсте | Свет
експлозија
Најмалку 34 луѓе се повредени во неколку експлозии во магацин со муниција во Чапаевска во самарската област во Русија, во кое има 13 милиони гранати.
Над 500 пожарникари со стотина возила се вклучени во акцијата на гаснење на пожарот, но пристапот до местото е ограничен поради постојаните експлозии, а според некои експерти, ова може да трае уште два – три дена.
Околу 6.000 луѓе од најблиското опкружување се евакуирани. Причина за инцидентот е уништување на гранати на полигонот, кое наместо да биде контролирано, предизвикало пожар.
{loadposition content9}