Три лица загинаа, а над 40 се ранети во експлозија на автомобил бомба крај полициска станица во источната турска провинција Ван, на самата граница со Иран, јави CNN, цитирајќи ја изјавата на гувернерот на провинцијата за турската државна телевизија TRT.
Премиерот Бинали Јилдерим во живо на телевизијата изјави дека имало напад врз полициска станица во Ван, но не даде повеќе детали за инцидентот.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за овој терористички напад, но курдските екстремисти често пати напаѓаат полициски станици и други објекти на безбедносните сили со автомобили бомби, посочуваат британските меидуми.
Југоисточниот дел на Турција, населен главно со Курди, е зафатен од бран насилство,откако во јули минатата година се распадна спогодбата за прекин на огнот, што беше склучена пред 2,5 години од страна на турските власти и забранетата Курдска работничка партија