Експлозија на балон над Луксор усмрти 19 лица
Во експлозија на еден балон во египетскиот град Луксор денеска загинаа 19 луѓе. Меѓу загинатите има голем број туристи.
Агенцијата Франс прес, повикувајќи се на претставник на безбедносните власти, јави дека меѓу загинатите има туристи од Велика Британија, Франција и Јапонија. Телевизијата Си-Ен-Ен пак, јави дека има и загинати Белгијци.
Во балонот имало вкупно 21 патник, а во времето на уривање тој се наоѓал над квартот Курна, на висина од околу 300 метри. Балонот прво го зафатил оган, а потоа експлодирал, изјави претставник на властите во Египет. Во несреќата има двајца преживеани, меѓу кои и лицето што управувало со балонот. Повредените се пренесени во болница.
Луксор со неговите храмови е една од најголемите туристички атракции во Египет. Екскурзиите со балони се многу омилени, но постојано доаѓа до тешки несреќи. Во 2009 година 16 патници беа повредени при уривање на еден балон, а во февруари 2008 година се судрија три балони и притоа беа повредени седум лица.
{loadposition content9}