Skip to main content

Експлозија на бомба пред канцеларијата на братот на Дора Бакојани

Рачно изработена бомба експлодира ноќеска пред канцеларијата на пратеникот на грчката владејачка партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис во Атина, предизвикувајќи само материјална штета, соопшти локалната полиција.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kirijakos Micotakis
Киријакос Мицотакис
Рачно изработена бомба експлодира ноќеска пред канцеларијата на пратеникот на грчката владејачка партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис во Атина, предизвикувајќи само материјална штета, соопшти локалната полиција.
Бомбата експлодирала на скалите пред канцеларијата на 41-годишниот Мицитакис, кој инаку е брат на грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани и син на поранешниот премиер Константинос Мицотакис.

Kirijakos MicotakisПолицијата информира дека за време на експлозијата во зградата во која се наоѓа канцеларијата немало никого, напоменувајќи дека не добила предупредување за нападот, како и дека досега никој не презел одговорност за подметнувањето на бомбата.
Минатата недела бомби експлодираа пред две филијали на „Ситибанк“ во Атина, за што одговорност презеде грчката герилска организација Револуционерна борба. Оваа милитантна група досега има преземено одговорност за напади врз полициски станици и неколку министерства, како и врз Американската амбасада во Атина во 2007 година.

 

 

 

{loadposition content9}