Пет лица загинаа во експлозија во северниот либански град Триполи
Најмалку пет лица загинаа, а 17 се ранети изутринава во експлозија во северниот либански град Триполи.
| Крсте Голабовски | Свет
eksplozija Tripoli
Најмалку пет лица загинаа, а 17 се ранети изутринава во експлозија во северниот либански град Триполи.
Либанските сили за безбедност соопштија дека инцидентот се случил кога автомобил-бомба експлодирал во близина на автобус, кој превезувал либански војници.
Според претставник на служните за безбедност експлозијата се случила на јужниот излез на градот, додека автобусот патувал кон главниот град на Либан Бејрут, кој се наоѓа на околу 80 километри јужно од Триполи.
Ова е втор бомбашки напад врз либански војници во изминатитре два месеци. На 13 август 18 војници беа убиени, откако автобусот со кој се превезувале наиде на бомба поставена крај патот.