Експлозија во електрана во САД, петмина мртви
Во американската држава Конетикат во градот Мидлтаун дојде до експлозија во електарана.
Во експлозијата, како што јавува CNN, пет луѓе загинале а 12 се повредени. Очевидците говорат за голем хаос околу електраната,хеликоптери со кои ги извлекувале жртвите и голем број спасувачки екипи кои се упатиле кон местото на експлозијата.
Експлозијата била почуствувана во радиус од 20 км а и стамбените објекти во близина на погонот се оштетени.
Се работи за термоелектрана на погон на плин и нафта со сила од 620 мегавати, која во експлозијата е многу оштетена.
Во болницата во Хартфорд одалечена 20 км од фабриката потврдиле дека примиле 12 повредени во експлозијата иако на почетокот се појавиле и непотврдени информации за околу 100 повредени. Во моментот на експлозијата во електраната имало околу 300 вработени.
На местото на настанот пристигнале стотина противпожарни и полициски екипи како и екипи наБрза помош.
“Не постои закана од супстанциите кои се во воздухот ниту од други последици од експлозијата”-изјавил градоначалникот на Мидлтаун, Себастијан Џулијано, додавајќи дека е исклучена можноста од терористички напад.
{loadposition content9}