Skip to main content

Едно лице загина

Експлозија во фабрика во Бугарија

Локалните медиуми јавија дека на местото на несреќата се неколку противпожарни екипи и возила на брза помош.
 |  инфодеск  | 
Бугарска полиција

Силен татнеж и чад над фабриката на Арсенал кај Казанлак ги крена на нозе полицијата, противпожарната бригада и брзата помош, јавува дописникот на МИА од Софија.

Едно лице загина, две се исчезнати и се трага по нив, тројца се повредени и се пренесени во Итната помош во Казанлак по експлозијата во фабриката на Арсенал.

Локалните медиуми јавија дека на местото на несреќата се неколку противпожарни екипи и возила на брза помош. Се соопштува дека се слушнале две експлозии.