Електронската цигара е помалку штетна по здравјето од класичната, но лекарите предупредуваат на последиците. DW по повод светскиот ден на борбата против пушењето разговараше со експертот за превенција на тумор Др. Martina Potschke-Langer
DW: Дали е-цигарите се добра алтернатива за пушачите?
Martina Potschke-Langer: За оние кои многу пушат, е-цигарата секако дека е добра алтернатива. Е-цигарата навистина ги намалува ризиците во однос на отровите кои се наоѓаат во тутунот.
Само го намалуваат ризикот? Значи ниту е-цигарата не е безопасна?
Луѓето кои пушат редовно е-цигара всушност учествуваат во долгорочен експеримент со неизвесен исход. Сеуште не знаеме како ова ново пушење ќе се одрази долгорочно на бронхиите, посебно кај оние кој порано пушеле класични цигари. Сеуште е рано за прогнози.
Кои состојки кај е-цигарата можат да бидат штетни?
Течноста која се вовлекува и прави пареа е мешавина од хемикалии во кои се средствата за конзервирање, пропилен гликол, ароматични состојки и никотин. Квалитетот на оваа течност не е најдобар. Постојат нечистотии, дури и супстанци кои предизвикуваат рак, а тоа го докажуваат одредени студии. Не смеат овие производи да содржат опасни хемикалии.
Кои се тие хемикалии кои можат да предизвикаат рак?
Формалдехид, ацеталдехид, акролеин…тука се и никелот, хромот, тешки метали кои ги наоѓаме во е-цигарите. Тие не се планирани, но тоа се нечистотии кои настануваат при процесот на производство. Оваа година во германското законодавство ќе бидат донесени правила на ЕУ за тутунските производи. Тука ќе биде и ставката за чистота на е-цигарите.
Дали тогаш е-цигарата ќе биде безопасна?
Тоа можеме да го тврдиме само во случај на краткотрајно користење. На долги стази се бара внимавање, затоа што не знаеме како човечкото тело ја одржува длабоката и честа инхалација на пареа. Не знаеме како хемикалиите ќе делуваат долгорочно на бронхиите. За сега нема студија и нема податоци, но во тек се истражувања на лаборатотии во САД и Азија.
Постојат ли воопшто добри и лоши е-цигари?
Да, има огромни разлики. Некои имаат детални декларации на состојките и предупредувања на пакувањата. Исто така постојат е-цигари кај кои никотинот се вовлекува порамномерно. Кај други пак никотинот се вовлекува во поголеми дози на почетокот за на крајот да остане многу малку течност. Тогаш пушачот повлекува посилно и почесто што доведува до предозирање.
Делуваат безопасно. Ароми од јагода, ванила…а имаат и модерен дизајн.
Така е. Во прашање е спретна маркетиншка стратегија која ја има за цел младината. Трендот е посебно јак во источна Европа, но полека се сели и на запад.
Докторката Martina Potschke-Langer го води одделението за превенција од рак во Германскиот центар за истражување на рак. Исто така, задолжена е за соработка со Светската здравствена организација за прашања за контрола на тутунските производи.
{loadposition content9}