Skip to main content

Избори Франција

Емануел Макрон освои втор мандат

Емануел Макрон ја победи Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори во Франција и освои втор мандат.
 |  Голабовски Крсте  | 
Емануел макрон освои втор мандат

Емануел Макрон ја победи Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори во Франција и освои втор мандат.

Тој според проекциите освоил 58 отсто од гласовите, пренесува француски Le Figaro. Емануел Макрон откако освои вот мандат им се обрати на граѓаните на Франција пред Ајфеловата кула во Париз.

Протести Франција

„Ви благодарам! По пет години во кои наизменично се менуваа среќни и тешки времиња, во кои имаше и несекојдневна криза, денес повеќето од нас избраа да ми веруваат и да ми дадат нов мандат да претседавам со нашата република во следните пет години. Секој меѓу нас ќе мора да се вклучи“ – рече Макрон на почетокот.

„Јас веќе не сум кандидат на еден табор, туку сум претседател на сите. Знам дека многу Французи гласаа за мене да ја блокирам екстремната десница. Сакам да им се заблагодарам и да кажам дека нивниот глас ме врзува. Знам што им должам. Сакам да обезбедам конкретни проекти за сите и сакам Франција да стане голема еколошка нација“ – рече Макрон.

Откако Макрон освои втор мандат протести во неколку градови во Франција. Инцидент се случи синоќа во строгиот центар на Париз. Според Франс инфо и весникот Фигаро, француската полиција отворила оган врз еден автомобил при што загинале две лица, а едно е повредено.

Полицијата забележала дека автомобилот се движи во погрешна насока, по што се обидела да го запре возилото и да го провери возачот, додаваат француските медиуми, пренесува Ројтерс.

Француските медиуми јавуваат дека локалното полициско надзорно тело IGPN покренало истрага за овој случај.

„Автомобилот веднаш по полноќ се упати кон полицијата и одби да застане. Потоа еден од полицајците отворил оган и убил две лица, а третото го ранил“ – според извор на француските медиуми.