Skip to main content

Emirates воведува најдолга авио-линија

Арапската авио компанија ќе може да се пофали со најдолг комерцијален лет

 |  инфодеск  | 

Арапската авио-компанија Emirates од следната година ќе може да се пофали со најдолг комерцијален лет. Emirates од февруари 2016 започнува со летање од Дубаи до Панама Сити, а летот ќе има времетраење од 17 часа и 35 минути. За овој маратонски лет ќе се користи Боинг 777-200LR, авион со можност за најдолг долет на светот. Предвидено е линијата да нуди три класи – прва, бизнис и економска класа.
Најдолг лет досега од 17 часа го држи дестинацијата Далас – Сиднеј, а рекордно долга линија некогаш во историјата беше летот од Сингапур до Њујорк од дури 19 часа, но таа линија Singapore Airlines ја укина во 2013 година.