Skip to main content

Епидемија која не престанува да се шири

Ширум светот болуваат 382 милиони луѓе, а бројката и понатаму расте

 |  инфодеск  | 

Од оваа болест ширум светот болуваат 382 милиони луѓе, а се предвидува во наредните две десетлетиа дека од неа ќе заболат околу половина милијарда луѓе.

Дијабетисот станува глобална епидемија, предупредуваат експертите. Се проценува дека во 2013 година болуваат 382 милиони луѓе а во наредните 20 години се очекуа пораст од 55%.

Само 10% од луѓето со дијабетис, болеста ја добиле во детството, додека дека 90% од заболените од дијабетис тип2, болеста ја добиле од неправилна исхрана и премалку движење.

Тоа последично води и до кардиоваскуларни проблеми, болести на бубрезите, очите и на останатите органи, а сето тоа може да се спречи кога би сакале.

Проблемот е најизразен во земјите на развој и кај средно развиените држави, пренесува Daily Mail.

“Важно е да се предупреди на сите негативни последици кои шеќерната болест ги остава на здравјето и да се покаже какви штети прави на економиите во светот. Здравството троши огромни суми на пари за лечење на болеста која во поголем број на случаеви може да се спречи”, велат експертите.

{loadposition content9}