Skip to main content

Ердоган со нови закани до Европа

ниту еден Европјанин во кој било дел од светот нема да може безбедно да се движи по улица

 |  инфодеск  | 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска предупреди дека Европјаните во светот нема да можат безбедно да се движат по улица, доколку не се промени ставот кон Турција и ја повика Европа да ги почитува правата и демократијата, објави Ројтерс.

“Доколку Европа продолжи вака, ниту еден Европјанин во кој било дел од светот нема да може безбедно да се движи по улица. Ние како Турција ја повикуваме Европа да ги почитува човековите права и демократијата”, рече Ердоган во изјава за локалните медиуми во Анкара.

Претходните недели турскиот претседател води жестока дипломатска војна со ЕУ, што започна откако одредени европски земји како Германија, Холандија и Австрија им забранија на турските министри на нивна територија да држат политички митинзи за да ја убедат турската дијаспора да го поддржат референдумот на Ердоган за проширување на претседателските овластувања.

Во екот на тензиите, Ердоган, потезите на Холандија и Германија ги спореди со нацистички мерки и ги нарече „бандитски држави“.