Skip to main content

Ердоган отвори еден од најголемите висечки мостови во светот

Турскиот претседател ги реализира своите мега проекти за 100-годишнината

 |  инфодеск  | 

Турско исламско-конзервативниот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот го пушти во промет еден од своите мега проекти, мостот во заливот Izmit, на северозападот од земјата, кој е  воедно најголемо градилиште кое некогаш е покренато во Турција пред три години.

Мостот е наречен Osman Gazi, по името на султанот Osman I. , се наоѓа на Мраморното море, и е еден од најголемите висечки мостови во светот од 3 км и е составен дел од главната делница на автопатот Gebze-Orhngazi-Izmir, долг 433 км.

“Требаше да биде изграден пред 50 години, но сега конечно го завршивме”,изјави Ердоган на свеченоста на отворањето.

Овој автопат ќе го скрати патувањето помеѓу неколку градови и окрузи на индустриската западна регија на Турција. Тој проект чинел девет милијарди долари и е дел од амбициозните проекти на турскиот претседател до 2023 година кога се одбележува стогодишнината од основањето на Турската република. Другите мега проекти кој ги зацртал Ердоган се каналот помеѓу Црно и Мраморно море кој би го растеретил интензивниот промет на Босфор и џиновската џамија Camlica, која ќе доминира во Истанбул од азискиот брег, а треба да биде отворена во петок навечер.

Минатата година еден јапонски инженер кој реботел на ова градилиште изврши самоубиство бидејќи се чувствувал одговорен за пукање на еден од каблите.