Ерупција на вулканот Маунт Ридаут по 20 години
Вулканот Маунт Ридаут на Аљаска се активира вчера по 20 години од последната ерупција, исфрлајќи големо количество пепел кој го загрози авиосообраќајот.
| Крсте Голабовски | Свет
вулкан
Вулканот Маунт Ридаут на Аљаска се активира вчера по 20 години од последната ерупција, исфрлајќи големо количество пепел кој го загрози авиосообраќајот.
„Регистрирани се една голема и четири помали ерупции, од кои секоја траела меѓу 10 и 20 минути“, соопшти Опсерваторијата за вулкани на Аљаска, најавувајќи можност за појава на нови.
Експертите сметаат дека сегашната ерупција најверојатно ќе биде слична на последната од 1989 година кога вулканот бил активен речиси пет месеци. Поради големото количество исфрлен пепел за малку ќе се урнел еден авион на компанијата „КЛМ“.
Вулканскиот пепел засега не го загрозил најголемиот град на американската држава Аљаска, кој има 260.000 жители.
{loadposition content9}