Skip to main content

Ескалираат протестите во Тузла

Протестите кои веќе два дена траат во Тузла, а кои од четвртокот се проширија и на други градови во Босна и Херцеговина(БиХ), за во петок се најавени ширум земјата.

 |  Голабовски Крсте  | 
protesti
пртести

 

Протестите кои веќе два дена траат во Тузла, а кои од четвртокот се проширија и на други градови во Босна и Херцеговина(БиХ), за во петок се најавени ширум земјата.

протестиПо целодневните протести во четвртокот во Тузла кога ескалираа судирите меѓу демонстрантите и полицијата, во петок граѓаните повторно ќе излезат на улиците во потрага по своите основни права.

Така за петок протести се најавени во Тузла, Сараево, Приједор, Бугојно, Орашје, Бањалука, Зеница, Витез, Бихаќ, Мостар, Брчко и други градови.

Протестите во БиХ започнаа пред два дена, кога пред зградата на Владата на Тузланскиот кантон излегоа обесправените работници на неколку фирми, како и невработените граѓани.

Протестите уште првиот ден ескалираа, демонстрантите зградата на Владата ја гаѓаа со камења, јајца и факли, а полицијата употреби солзавец. Имаше повредени и уапсени, а истото сценарио на улиците на Тузла се повтори и во четвртокот.

protestiГраѓаните се собраа во уште поголем број, палеа контејнери и гуми, а зградата на Владата на Тузланскиот кантон беше буквално демолирана.

Во болница беа примени 102 полицајци со полесни и потешки повреди, како и 28 цивили со полесни повреди.

Протестите во БиХ, како што пишуваат босанските медиуми, се јасен знак дека на граѓаните им е преку глава од лошото владеење и социјалната нечувствителност и дека е дојдено време за коренити промени.

{loadposition content9}