Skip to main content

Весниците во Естонија денеска со празни страници

Водечките естонски весници денеска излегоа со празни бели страници во знак на протест против предлог законот на премиерот Реин Ланг со кој се ограничува слободата на новинарите

 |  Маја Савиќ  | 
vesnici blanko
весници бланко
vesnicin blankoВодечките естонски весници денеска излегоа со празни бели страници во знак на протест против предлог законот на премиерот Реин Ланг со кој се ограничува слободата на новинарите

Кон протестот се приклучија весниците Postimees, Eesti Paevaleht, Ohtuleht, Eesti Ekspress и Maaleht, секој со најмалку една празна страница.

Новиот предлог-законот на сегашната власт во одредени случаи ги обврзува новинарите да ги разоткријат своите извори на информации, односно ги лишува од правото на заштита на анонимноста на изворите.

Според предлог-законот, доколку новинарите одбијат да го објават името на изворот, ќе се соочат со парична казна или казна затвор.



{loadposition content9}