Потврдени се главните услови од договорот на предложената трансакција со кој авио-превозникот од Обединетите Арапски Емирати, Etihad, ќе стане сопственик на 49% од националната италијанска авио-компанија Alitalia.
Двете авио-компании сега ќе прејдат на финализација на документите за таа трансакција, наведено е во заедничкото соопштение. Заклучените инвестиции, како што се наведува, подлежат на финални регулаторни одобренија.
Ниедна од компаниите не ги обелодени условите а ниту обемот на инвестицијата на Etihad, иако на почетокот од месецов италијанскиот министер за инфраструктура, Маурицио Лупи, изјавил дека Etihad сака да инвестира 560 милиони евра и дека ветил додатни 690 милиони евра инвестиции во Alitalia во наредните четири години. Како што изјавил тогаш Лупи, Etihad има намера да го намали бројот на вработени за околу 2.250 односно на 11,5 илјади вработени.
Alitalia, која со години работи непрофитабилно, од минатата година бара нов партнер, бидејќи француско-холандската компанија AirFrance-KLM го отфрлилa учеството во докапитализација на италијанската компанија.
Etihad има сопственички удели во Air Serbia, Air Berlin, Air Seysells, Virgin Australia, Air Lingus, Jet Airways и очекува одобрение за инвестиција во регионалниот авиопревозник во Швајцарија Darwin Airlines.
{loadposition content9}