Skip to main content

Етна повторно го излea својот бес

Од кратерот на вулканот Етна во јужна Италија денес излегла лава и пепел, по синоќешната ерупција заради која е затворен блискиот аеродром во Катанија.

 |   | 

Од кратерот на вулканот Етна во јужна Италија денес излегла лава и пепел, по синоќешната ерупција заради која е затворен блискиот аеродром во Катанија.

Ерупцијата била проследена со неколку помали потреси во текот на ноќните и утринските часови. Лавата се излила во ненаселени области при што не предизвикала поголема штета.Аеродромот во Катанија е затворен бидејќи пистата е целата во прав од вулканската ерупција.Тимови ја расчистувале областа во непосредна близина на вулканот каде во недела треба да се одржи велосипедска трка околу Италија. Етна е највисокиот активен вулкан во Европа, со врв кој достигнува 3,295 метри надморска висина.


{loadposition content9}