Skip to main content

Кодекс на однесување на технолошките компании

ЕУ бара од социјалните мрежи да ги означуваат содржините креирани од AI

Брисел, исто така, го предупреди Твитер дека ќе се соочи со санкции доколку не ги почитува новите закони за дигитални содржини, кои стапуваат на сила на 25 август ширум ЕУ.
 |  инфодеск  | 
АИ
AI

Европската унија побара од компаниите поврзани со социјалните медиуми, вклучувајќи ги Гугл и Фејсбук, „веднаш“ да започнат со означување на содржините произведени од вештачка интелигенција (AI).

Брисел, исто така, го предупреди Твитер дека ќе се соочи со санкции доколку не ги почитува новите закони за дигитални содржини, кои стапуваат на сила на 25 август ширум ЕУ, пишува Гардијан.

ЕУ дополнително побара од Фејсбук и другите платформи да инвестираат повеќе во проверката на точноста на информациите на јазиците на малцинствата и во Источна Европа, бидејќи Брисел смета дека „руските кампањи за дезинформација“ се закана.

„Ова не е само работа. Русија сака да ја поткопа поддршката на јавното мислење на граѓаните на ЕУ за помош на Украина“, изјави потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова.

Таа го критикуваше Твитер што пред две недели одлучи да не го почитува таканаречениот кодекс на однесување на ЕУ, со кој се согласија 44 технолошки компании, вклучувајќи ги YouTube и TikTok. Јоурова одлуката на Твитер ја нарече „грешка“ и рече дека оваа компанија „избрала конфронтација“ место соработка.