Skip to main content

ЕУ да се проширува без паузи

Европската унија не треба да ги замрзне плановите за прием на земјите од западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување, Оли Рен.

 |  Крсте Голабовски  | 
Oli Ren
Оли Рен
Европската унија не треба да ги замрзне плановите за прием на земјите од западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување, Оли Рен.

Тој ја искоментира изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел која рече дека на Европската унија и е потребна „фаза на консолидација” пред да прими нови земји членки.

Еврокомесарот оцени дека перспективата за членство во ЕУ придонела за политичка стабилност и реформа на стопанството на западен Балкан.

Oli RenПоради тоа, Рен смета дека економската криза и напорите за ратификација на Лисабонскиот договор за институционални реформи во ЕУ не треба да им попречат на напорите на блокот за проширување.

„ЕУ може истовремено да се занимава со поголем број прашања”, рече Рен по средбата со шефовите на словенечката и хрватската дипломатија посветена на решавање на граничниот спор меѓу двете држави.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

{loadposition content9}