Skip to main content

Заштита на човековите права од опасностите од AI технологијата

ЕУ го турка Законот за регулација на вештачката интелигенција

Европската комисија ги предложи нацрт-правилата пред речиси две години во обид да ги заштити граѓаните од опасностите на AI технологијата што забрзано се развива.
 |  инфодеск  | 
AI

Комисиите на Европскиот парламент постигнаа прелиминарен договор за Законот за вештачка интелигенција, кој ќе го отвори патот за првото регулирање на вештачката интелигенција, пренесува Хина.

„И покрај конзервативните желби за поголем надзор и левичарските фантазии за прекумерна регулатива, парламентот најде солиден компромис кој пропорционално ќе ја регулира вештачката интелигенција, ќе ги заштити правата на граѓаните, ќе ги поттикне иновациите и ќе ја зајакне економијата“, рече европратеничката Свења Хан.

Европската комисија ги предложи нацрт-правилата пред речиси две години во обид да ги заштити граѓаните од опасностите на новата технологија, која бележи бум во инвестициите и популарноста во последните месеци.

Се предлага компаниите што произведуваат генеративни алатки за вештачка интелигенција како што е ChatGPT да имаат обврска да објават дали користеле материјал заштитен со авторски права во нивните системи.

Законодавците се обидоа да најдат рамнотежа помеѓу поттикнувањето на иновациите и заштитата на основните права на граѓаните. Алатки за вештачка интелигенција ќе се класифицираат според ниво на ризик: од минимално до ограничено, високо и неприфатливо.

Алатките со висок ризик нема да бидат забранети, но од компаниите ќе се бара да бидат транспарентни во своето работење.