Европската унија, како што пишува The Wall Street Journal, наскоро ќе подигне обвинение против Google поради злоупотреба на положбата на пазарот, а ако тој процес заврши со казна за американската компанија таа би можела да плати повеќе од 6 милијарди долари.
Имено, спрема прописите на ЕУ во такви случаеви компанијата може да се казни со најмногу 10% од годишните приходи. Истрагата на ЕУ над Google трае 5 години, а освен тоа што била попречувана три пати, предизвикала и политичка бура. Меѓутоа комисијата на Juncker овој пат одлучила да оди до крај и побарала од компаниите кои поднеле приговори против Google поради злоупотреба на позициите на пазарот, дозвола за објавување на дел од информациите кои тие порано ги доставиле доверливо до Брисел.
Правните експерти сметаат дека ова е јасен сигнал дека се спрема подигнување на тужба. Одлуката за подигнување на обвинение против Google ќе биде најголем антитрустовски процес по оној против Microsoft пред десетина години. Тој процес е завршен во 2012 година така што американската компанија морала да плати казна во вкупен износ од 1,8 милијарди долари.
Со оглед на искуството со Microsoft, можна е спогодба помеѓу Google и ЕУ бидејќи гревовите на Google се сериозни. Така комисијата истражува дали Google ги отстранувал содржините од интернет страниците на конкурентите и нечесно ги ограничувал огласувачите и производителите на софтвер кои соработуваат со интернетсктата компанија. Со оглед дека ЕУ досега три пати се обидела да постигне договор со Google, овој пат компанијата со сигурност ќе мора да се брани од формална тужба.
{loadposition content9}