Skip to main content

Еуропол предупредува на зголемени кражби по пат на банкомати

Кражбите по пат на банкомати не се новина туку начините на кои тоа се прави

 |  инфодеск  | 

Еуропол објави соопштение во кое наведува дека е забележан пораст на malware во банкоматите кои се често мета на напади. Имено, во светот постојат околу 3 милиони банкомати кои нудат подигнување на пари. Во просек корисниците подигаат околу 8,6 милијарди евра годишно, што е интересно за напаѓачите кои бараат нови начини како да дојдат до парите на корисниците.

Ова е прво документирано соопштение кое длабоко задира во проблематиката на банкоматите и зголеменото софистицирање на сајбер криминалот, а начинот на кој тие напади се планирани е со нови методи и техники од оние кои се познати од порано.

Соопштението би требало да помогне во сузбивањето на овие зголемени сајбер напади и би овозможило на законодавците и институциите да бидат чекор понапред  во безбедноста, истакнуваат од Trend Micro компанијата која учествувала во изработката на ова соопштение.

“Ова соопштение нема само да помогне на законодавците за да ги избегнат потенцијалните закани, туку би можело да биде водич во индустријата на финансиски сервиси за да ги заштити поединците кои би требало да веруваат во безбедноста на сојот имот”.