Skip to main content

Еврото ќе исчезне за 5 години

За пет години еврото нема да постои во сегашната форма, поради финансиската криза во некои од земјите членки на еврозоната, сметаат економистите од лондонскиот “Сити“.

 |  Маја Савиќ  | 
evro valuta
евро валута

evro valutaЗа пет години еврото нема да постои во сегашната форма, поради финансиската криза во некои од земјите членки на еврозоната, сметаат економистите од лондонскиот “Сити“.

Како резултат на анкетата на британскиот “Сандеј телеграф“ направена меѓу 25 економисти, највпечатливо е што повеќето од нив очекуваат исчезнување на еврозоната во наредните пет години.

Пред една година, ретко кој би го предвидел ова и би бил уверлив во исчезнување на валутата, пишуваат весниците. Според експертот Ендрју Лилико, практично веројатноста еврото да преживее во сегашниот состав, е сведена на минимум.

За 12 од анкетираните економисти, еврозоната ќе се распадне за пет години, осум од нив сметаат дека ќе преживее без некакви потешки последици, додека петмина се изјасниле дека се двоумат.

„Политичките последици од распаѓањето на еврозоната ќе бидат големи. Германците не сакаат да плаќаат за другите и навистина можат да ги напуштат“, вели економистот Дејвид Бленчфлауер и додава дека е тешко еврото да преживее во сегашната форма.

Четворица од економистите застанаа зад хипотезата дека Германија побрзо ќе излезе од зоната, отколку економиите од кризата.

{loadposition content9}