Skip to main content

Евроазсики економски форум во Турција

Глобалната финансиска криза и енергетиката ќе бидат главни теми на 12. Евроазиски економски форум што денеска започнува во Истанбул.

 |  Крсте Голабовски  | 
forum
форум
Глобалната финансиска криза и енергетиката ќе бидат главни теми на 12. Евроазиски економски форум што денеска започнува во Истанбул.

forumНа дводневниот Форум ќе учествуваат голем број истакнати личности од економскиот и политичкиот живот од над 40 европски и азиски држави.

Од регионот најавено е учество на претседателите на Хрватска и на Косово.

На Форумот ќе се разговара за повеќе теми, од енергетиката и соработката во обезбедувањето стабилни извори на енергија, до светската финансиска криза, регионалната соработка и заштитата на животната средина.

Организатор на традиционалниот Евроазиски економски форум е фондацијата Мармара со седиште во Истанбул.

 

{loadposition content9}