Од вчера, 1 февруари, еврото официјално стапува на сила како единствено законско средство за плаќање во Бугарија.
Согласно законските одредби за пристапување кон еврозоната, цените на сите производи и услуги ќе бидат означени паралелно во двете валути до 8 август 2026 година. Оваа мерка има за цел да гарантира целосна транспарентност на пазарот и да го спречи секој обид за можни злоупотреби или манипулации, според информациите од бугарските медиуми.
Граѓаните на Бугарија кои и понатаму поседуваат левови можат бесплатно да ги заменат во банките и во „Бугарски пошти“ до 30 јуни 2026 година, додека Националната банка на Бугарија (БНБ) ќе обезбеди бесплатна и неограничена замена на левовите во евра и по тој датум.
Инаку, Бугарија на 1 јануари 2026 година официјално го воведе еврото и стана 21-ва членка на еврозоната, точно 19 години по влезот во Европската Унија.