Како што објави порано, Facebook планира да ги маргинализира објавите кои ги мамат читателите и деновиве нивниот алгоритам би требало да почне да ги отстранува од news feed насловите кои ги иритираат поголемиот број на читатели.
Од Facebook објавија дека со помош на новиот алгоритам ќе ги отстранува насловите кои ќе бидат класифицирани како “clickbait”, или оние кои ја ускратуваат или објавуваат неточна информација. Вакви наслови многу поретко ќе се појавуваат на ѕидот од корисниците.
“Сакаме издавачите да објавуваат информации кои на луѓето ќе има бидат од корист, а мислиме дека луѓето сакаат многу поконкретни наслови”, рекол за NewYork Times Adam Mosseri кој во Facebook е задолжен за овој дел на работата.
Facebook веќе подолго време сака да го зголеми задоволството на своите корисници и со тоа да ги задржи што повеќе време на Facebook во текот на денот. Веќе во јуни направија некои измени во алгоритмот кој оди во насока измамничките наслови да се појавуваат поретко, а во четвртокот алгоритмот е дополнително модифициран за да се направи уште еден чекор во таа насока.
Овој потег на Facebook веројатно ќе ја зголеми нервозата кај медиумските издавачи кои силно се потпираат на прометот на Facebook и често се жалат дека имаат премалку увид во тоа како Facebook го сетира својот алгоритам. Facebook за нив е од исклучителна важност бидејќи многу повеќе читатели доаѓаат на news feed на Facebook отколку директно на порталите.