Корисниците на Facebook често се незадоволни со правилата на оваа социјална мрежа спрема која мораат да користат вистински имиња и презимиња а не, на пример, некои уметнички прекари по кои се познати, а посебно се незадоволни со содржините кои компанијата ги брише од Facebook. Од оваа компанија сега објавиле детални информации околу содржините кои се забранети и кои ќе бидат избришани доколку корисниците ги објавуваат, а можат да се прочитаат во правилата на самата Facebook страница.
Новите правила сега вклучуваат и забрана за “опасни организации” и се објаснува каков тип на разголувања се дозволени на Facebook, и се надеваат дека сега на корисниците ќе им биде појасно какви содржини можат да објавуваат.
Бројни корисници останаа збунети околу правилата со кои Facebook избриша или не сакал да избрише некои содржини, а тоа за BBC го коментирала Monika Bicket од оваа компанија и додала дека досега на корисниците не им била јасна политиката околу злоупотребата и тероризмот. Сега, додала, Bicket, во Facebook јасно даваат до знаење дека нема да толерираат не само терористички организации и нивни членови, туку нема да допуштат ниту поддршка на терористички групи, на нивните шефови и акции.
Што се однесува до голотијата на Facebook, од оваа компанија велат дека во иднина се забрануваат и ќе се бришат фотографии кои се фокусирани на “потполно изложени задници и фотографии на женски гради ако на нив се гледаат брадавиците”, освен ако не станува збор за образовна или сатирична содржина, а нема да бидат забранети и фотографии на доење.
Што се однесува на останатите правила на Facebook, нагласено е дека се забрануваат фотографии на кои се “деградираат поединци” и видеозаписи на физичко злоставување чија цел е да се посрамоти жртвата, потоа говор на омраза, криминални активности, самоповредување и графички приказ на насилство.
Новите правила на Facebook сега се појасни и подостапни, ја коментирале оваа новина од Facebook на BBC, но напоменуваат дека оваа компанија не направила доволно за да се оневозможи пристап на младите до “вознемирувачките содржини”. Во Facebook велат дека корисниците би требало да се предупредат на видеозаписите кои вклучуваат приказ на насилство, но и понатаму не направиле некоја алатка која би оневозможила автоматско покренување на такви видеозаписи.
{loadposition content9}