Во минатото скоро секоја промена на поставките за приватност или воведувањето на нови опции на мрежата на Zuckerberg носело бројни проблеми и критики на корисниците. Такви големи критики предизвика, на пример, воведувањето на Timeline и новиот начин на пребарување бидејќи на Timeline повторно се појавија некои објави стари и по неколку години, на кои корисниците во потполност заборавиле дека ги поставиле, а кои денес сигурно не би ги напишале или објавиле.
Новинарите на Huffington Post предупредуваат дека новата опција која се припрема од страна на Facebook (која е достапна за некои корисници) повторно би можела да донесе слични проблеми на милиони луѓе кои нивните објави од минатото би можеле сега да ги прогонуваат. Имено, Facebook тестира опција за пребарување по клучни зборови на профилите на пријателите или групите – со овој начин со испишување на одреден збор во профилот на пријателот или групата може многу полесно да се пронајдат статуси или фотографии објавени во минатото, на кои сте заборавиле или не сакате да се видат во сегашноста.
Со оглед дека поради оваа опција може да се актуелизираат некои нелагодни ситуации од минатото, на корисниците им се препорачува уште еднаш добро да прегледаат што објавувале на оваа мрежа во минатото и да ги отстранат фотографиите или статусите поради кои би можеле да имаат некаков проблем.
{loadposition content9}