Mark Zuckerberg во последните неколку години потроши милијарди долари на аквизиција на бројни компании – на неговите милијарди не беа имуни Instagram, WhatsApp и други, но еден човек сепак го одбива веќе два пати. Станува збор за Evan Spiegel, извршен директор на Snapchat кој првобитно одбил понуда од една милијарда, а потоа и понуда од три милијарди долари. Facebook пред да ги дава понудите, сам се обидуваше да направи слична апликација за праќање на самоуништувачки објави, но таа не се покажа како успешна ниту како популарна меѓу корисниците.
Оваа компанија сега почнала тестирање на нова опција по примерот на Snapchat – самоуништувачки објави, односно опција која на корисниците ќе им овозможи одредување на рок на траење на објавата која ќе се објави на Facebook така што по одредено време таа едноставно ќе исчезне. Од Facebook, на новинарите на CNN, потврдиле дека моментало ја тестираат оваа опција и дека таа во моментов е достапна за некои корисници на мобилните уреди од Apple. Тие можат да изберат повеќе временски рамки за траење на објавата – од еден час па до една недела и потоа таа објава ќе исчезне од ѕидот на сопственикот на профилот. Иако станува збор за тестирање, оваа апликација би можела да биде многу корисна, но сеуште е непознато дали оваа опција ќе биде достапна за сите корисници на оваа социјална мрежа.
Оваа опција, на пример, би можела да биде од корист за објави како “имам две карти за вечерашниот концерт”,” утре сум во Охрид”, “кој е за кафе”, или за следење на спортски настани каде корисниците коментираат спортски настан и слично. Овие објави сами ќе исчезнат по завршувањето на актуелноста на објавата, а така ќе исчезнат и од ѕидовите на пријателите кои и онака Facebook им овозможува натрупување на бројни (неважни) објави.
{loadposition content9}