Skip to main content

Пет факти за Google кои можеби не сте ги знаеле

Брачен партнер на вработен во Google добива…

 |  инфодеск  | 

Google можеби за нас знае се, но постојат работи што ние не ги знаеме за интернет сервисот кој стана неизбежен дел од современиот живот. Порталот Mashable издвои пет фасцинантни факти за Google кои можеби не сте ги знаеле.

Ако почине вработен во Google, неговиот брачен партнер добива половина од платата во следните десет години.

Познатото лого на Google воопшто не било центрирано на почетната страна од пребарувачот се до 2001 година.

Во 2013 година Google претрпел технички проблеми кои ги исклучил сите негови сервиси на 5 минути. Во тој период глобалниот промет на интернет паднал за отприлика 40%.

Вработените во Google се нарекуваат “googleri”, а оние кои се новодојдени во компанијата се нарекуваат “noogleri”.

Дури 15% од дневните пребарувања на Google не се забележани претходно.

{loadposition content9}