Спрема најновата студија објавена во часописот “Превентивна Медицина”, животниот век е можно да се продолжи ако се избегнуваат четирите лоши навики: пушењето, алкохолот, лошата исхрана и неактивноста.
Во истражувањето на научниците од Универзитетот во Цирих учествувале 16.721 луѓе, со старост од 16 до 90 години. Целта на истражувањето била да се утврди како здравите животни навики изгледаат во бројки и потоа да се докаже дека избегнувањето на овие лоши навики можат да допринесат за продолжување на животниот век.
Истражувањето покажало дека пушењето е дефинитивно најголем фактор на ризик, а пушачите имаат 57% поголем ризик од прерана смрт. Исто така, луѓето кои не избегнуваат ниедна од овие четири лоши навики имаат два и пол пати поголем ризик од прерана смрт.
“Бевме прилично изненадени со два и пол пати поголемиот ризик од прерана смрт кои го создаваат овие четири фактори кога се комбинираат. На пример, веројатноста дека 75 годишник, кој не избегнува ниеден од овие фактори, ќе ги доживее следните десет години е 35%. Меѓутоа, ако тоа исто лице ги избегнувал овие четири фактори, шансите за подолг живот се 67%”, тврдат истражувачите.
Освен тоа, влијанието на нездравиот живот се зголемува со годините. За лицата стари помеѓу 45 и 55 години кои пушат, пијат алкохол, не вежбаат и нездраво се хранат, ефектот на негативните фактори е значително помал отколку кај лицата помеѓу 65 и 75 години.
Поука: Јадете здрава храна, вежбајте и отфрлете ги пороците а организмот ќе ви биде благодарен во подоцнежните години.
{loadposition content9}