Skip to main content

Бандата на озлогласената „Хенк тенк“

Фатена „бандата“ мечки која провалуваше во куќи во Калифорнија и крадеше храна

Откритието дека мечката Хенк не била сама во злосторството ги поттикна калифорниските власти да ја уверат јавноста дека „мечките нема да бидат еутаназирани, повредени или сместени во зоолошка градина“.
 |  инфодеск  | 
Мечки провалници

Мечката „Хенк тенк“ фатена во Калифорнија по повеќе од 20 провали во куќи. Полицијата трагаше по озлогласената црна мечка повеќе од една година. Мечката тешка 200 кг, на која и дадоа прекар Хенк Тенкот, е „осомничена“ дека упаднала во повеќе од 20 домови во областа Лејк Тахо од 2022 година.

Хенк е регистриран како мечка 64F и ќе биде преместена во прифатилиште во Колорадо. Нејзините три младенчиња најверојатно ќе бидат префрлени во засолниште во округот Сонома во Калифорнија.

Одделот за диви животни во Калифорнија соопшти дека биолозите „безбедно ја имобилизирале“ мечката, која преку ДНК докази е поврзана со 21 кражба. Ако се утврди дека е здрава, мечката Хенк ќе биде однесена во Прибежиштето за диви животни во близина на Спрингфилд.

„Бидејќи има голем интерес за оваа мечка, но постои и значителен ризик мечката да предизвика сериозен инцидент, властите користат алтернативно решение за да го заштити семејството на мечката, како и луѓето во областа Тахо“, се вели во соопштението на Одделот.

Трите младенчиња ќе бидат однесени во засолниште „со надеж дека ќе го одучат негативното однесување што го научиле од неа, за да можат да бидат вратени во дивината“.

Гувернерот на Колорадо, Џаред Полис, му посака добредојде на Хенк на социјалната мрежа Х, порано Твитер, и се пошегува дека таа требало да се вика „Тенкот Хенриета“. Првично се веруваше дека Хенк е одговорен за повеќе од 40 кражби, но примероците од ДНК докажаа дека најмалку уште две други големи мечки биле вклучени во кражбите на храна од куќите.

Откритието дека Хенк не бил сам во злосторството ги поттикна калифорниските власти да ја уверат јавноста дека „мечките нема да бидат еутаназирани, повредени или сместени во зоолошка градина“. Што ќе се случи со другите две мечки вклучени во упадите во Калифорнија локалните власти не објавија.