Skip to main content

„Филе“ успешно атерира

Вчерашниот ден ќе остане во историјата по еден  настан. Европската сонда „Филе” го направи првиот од ваков вид слетување на комета, врховна фаза во стремежот на научниците да го истражуваат потеклото на Сончевиот систем.

 |  Голабовски Крсте  | 
kometa
комета

Вчерашниот ден ќе остане во историјата по еден  настан. Европската сонда „Филе” го направи првиот од ваков вид слетување на комета, врховна фаза во стремежот на научниците да го истражуваат потеклото на Сончевиот систем.

Веста за историското слетување беше прогласена од Европската вселенска агенција. Роботот слета врз кометата околу седум часа по отцепувањето од бродот – мајката „Росен” на повеќе од 510 милиони километри од дома.

„На кометата сме”, соопшти Европската вселенска агенција.


Научниците се надеваат дека роботот, опремен со 10 инструменти, ќе ги отклучи тајните на кометата, направена од мраз и прав, кои може  помогнале за создавање на животот на Земјата. Претстои единицата да го истражува хемискиот состав на вселенскиот скитник.

Мисијата за „вселенска археологија” започна во 2004 година со лансирањето на сондата „Розета” на Европската вселенска агенција (ЕСА). Нејзината цел е да се откријат некои од тајните на универзумот преку комети кои се сметаат за примитивни остатоци од раѓањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.

{loadposition content9}