Skip to main content

Филм за „Најопасниот човек на светот“

Биографијата на основачот на сајтот „Викиликс“, Џулијан Асанж кој ја потресе светската јавност со објавувањето на тајни податоци на американскиот Стејт департмент, а која наскоро ќе се појави во печатено издание, најверојатно ќе послужи и како основа за филм.

 |  Маја Савиќ  | 
julian assange
Џулиан Асанж

AssangeБиографијата на основачот на сајтот „Викиликс“, Џулијан Асанж кој ја потресе светската јавност со објавувањето на тајни податоци на американскиот Стејт департмент, а која наскоро ќе се појави во печатено издание, најверојатно ќе послужи и како основа за филм.

Книгата на австралискиот репортер Андрју Фаулер „Најопасниот човек на светот“, како што е планирано, ќе послужи како основа за филм, во чие снимање ќе учествуваат и компаниите „Џозефсон ентертејмент“ и „Мајкл Крум продакшн“.

Основачот на сајтот „Викиликс“, 39-годишниот Асанж беше уапсен минатиот месец поради наводно силување и сексуално вознемирување на две жени кои ги запознал минатото лето на патување во Шведска. Тој е пуштен од затвор со кауција и се наоѓа во домашен притвор во вила во источна Англија. Тој во Шведска се уште не е обвинет, а неговото испорачување е побарано поради испитување.

{loadposition content9}