Американската Академија за филмски уметности и науки на 97-та свеченост ги додели „Оскарите“ во „Долби театарот“ во Лос Анџелес.
„Анора“, приказната за њујоршка сексуална работничка која добива нова шанса во животот откако ќе се омажи за богат руски клиент, доминираше на 97. Оскари, освојувајќи пет награди, меѓу кои и за најдобар филм. „Бруталист“ се закити со три оскари, а „Емилија Перез“ со два, иако имаше дури 13 номинации.

Најдобри споредни глумица и глумец, соодветно, се Зои Салдања (за филмот „Емилија Перез“) и Кијеран Калкин („Вистинска болка“). Статуетката за главна машка улога отиде кај Адријан Броди за остварувањето „Бруталист“ коешто ја има и најдобрата кинематографија.
„Злобница“ (Wicked) ja има најдобрата костимографија, „Субстанција“ (The Substance) – најдобра шминка, а „Дина 2“ – најдобри звучни и визуелни ефекти. „Конклава“ го доби Оскарот за најдобро адаптирано сценарио.
Бразилскиот „Уште сум тука“ е прогласен за најдобар странски филм, додека хрватскиот „Човекот кој не можеше да молчи“ не победи во категоријата краток игран филм.
Најградата за документарен филм отиде кај „Нема друга земја“ (No Other Land), во палестинско-норвешка ко-продукција.
Емисијата ја водеше Конан О’Брајен.