Погрешните чекори од дваесетите можат да се исправат подоцна но постојат работи кои младите не би смееле да ги прават, а најважно е да не се троши залудно потенцијалот.
Еве три чести грешки кај младите во дваесетите години:
Предвремен брак
Во дваесетите ви се чини дека сите се во брак освен вас, а во триесетите ви се чини дека сите се раделуваат. Многу луѓе пребрзо се залетуваат кон олтарот, а само за пар години стигнуваат години на криза, а често и развод на брак. Доколку сакате да ги избегнете последиците како на пример отплата на кредити, добро размислете пред да го кажете конечното “да”.
Користење на кредитни картички
Иако кредитната каричка во моментот дава одредена моќ, моментот кога доаѓа месечната сметка може да стане кошмар. По успешно завршениот факултет и скромниот живот за време на учењето, сигурно е право задоволство да се добие првата плата и првата кредитна картичка. Но сепак, кредитната картичка повеќе ќе ве осиромаши и добро размислете дали ви е потребна.
Работа која не исполнува
Лоша работа која може да ви се случи во дваесетите е работа која нема да ве исполнува. Наместо да се користите со девизата “барем имам плата”, треба да имате доволно слобода да се изборите за свој живот и да работите она што го сакате, па дури и по цена да се вратите на повторно учење.
{loadposition content9}