Финците биле навистина фини
Најчесните граѓани во светот живеат во главниот град на Финска, Хелсинки. Во овој град биле вратени 11 од 12 загубени паричници.
Според истражувањето спроведено од Ридерс дајџест, Хелсинки е најчесниот град во светот. Репортерите на Ридерс дајџест за да го спроведат ова истражување намерно во различни градови низ светот загубиле 192 паричници. Всушност, во секој од 16-те градови опфатени во истражувањето оставиле по 16 паричници на јавни места, а во нив имало број на мобилен телефон и 50 долари. Потоа, набљудувале што ќе се случи.
Од 12 намерно загубени паричници во Хелсинки биле вратени дури 11. На второ место е Мумбаи каде од 12 паричници биле вратени 9, а на третото место на листата се најдоа Будимпешта и Њујорк каде осум паричници се вратени. По нив следуваат Москва, Амстердам, Љубљана, Варшава, Букурешт и Рио де Жанеиро, потоа Цирих, Прага и Мадрид.
Најнечесен град според ова истражување е Лисабон, каде што е вратен само еден од 12 паричници.
Скопје во ова истражување не беше вклучено, но секако дека интересни би биле резултатите.
{loadposition content9}