Skip to main content

Flydubai по прв пат најави попуст од 30% ширум својата мрежа

Со флота од 49 модерни авиони Flydubai работи со повеќе од 1.600 летови неделно

 |  инфодеск  | 

Flydubai по прв пат најави акциска продажба ширум својата мрежа нудејќи на патниците 30% попуст на цените на билетот во бизнис и економската класа за летовите кон Дубаи и одбраната дестинација.

Патниците кои планираат да патуваат помеѓу 1-ви октомври 2015 година и 30-ти јуни 2016 година, а го резервираат билетот пред 20-ти септември ќе отстварат попуст од 30%.

Со флота од 49 модерни авиони на новата генерација на Boing 737-800, Flydubai работи со повеќе од 1.600 летови неделно на повеќе од 90 дестинации во 45 земји ширум светот, создавајќи мрежа која се протега преку земјите од заливот, Блискиот исток, Африка, Кавказ, средна Азија, Европа и Индискиот подконтинент.