„Форд“ ќе ги намали капацитетите во Европа
Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека ќе ги намали своите капацитети и трошоци во Европа поради слабата побарувачка на пазарот на автомобили.
| Крсте Голабовски | Свет
лого
Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека ќе ги намали своите капацитети и трошоци во Европа поради слабата побарувачка на пазарот на автомобили.
Опаѓањето на побарувачката е забележано и покрај инвестицијата од 200 милиони евра во фабриката во Келн.
Портпаролот на Форд, Том Малком рече дека компанијата во овој момент не планира намалување на бројот на работните места, ниту отпуштања на работници.
„Намалувањето на капацитетите и трошоците, со цел да се осигураат нашите планови за во иднина се клучни активности за Форд во Европа, за да се одржи и понатаму во работа“, соопшти извршниот директор на европскиот дел на компанијата, Џон Феминг.
Тој рече дека компанијата ќе го разгледа и усвојувањето на нови мерки во следниот период, со цел производството да се прилагоди на потребите на пазарот, каде поради економската криза побарувачката опаѓа.
Новите мерки ќе значат дека во одредени фабрики на Форд во Европа, како што е онаа во Валенсија, ќе биде намален бројот на смени на вработените.
Форд во февруари соопшти дека продажбата на возила во јануари во Европа опаднала за 25 отсто, односно изнесувала вкупно 112 илјади возила.
Истиот месец забележан е раст на продажбата во Германија од 14 отсто, за што е заслужна програмата за помош на автомобилската индустрија што го усвои германската влада.

{loadposition content9}