Skip to main content

Фотографија која е хит на интернет

Како се манипулира со апликации

 |  инфодеск  | 


Со оглед на стотици илјадници апликации кои се достапни во App Store, на програмерите многу им е тешко да ги истакнат своите апликации и да се пробијат на врвот на листата на најпопуларни апликации на оваа онлајн продавница (немаат сите среќа како авторот на Flappy Bird). Поради тоа некои се служат со илегални методи за да ги популаризираат своите апликации па на Business Insider велат дека во минатото Apple имал проблем со такви манипулации во AppStore. На BI додаваат дека црниот пазар за подигање на вредноста и манипулациите со апликации е изнимно развиен и на мрежата можат да се најдат сервиси кои за 65 илјади долари гарантираат голем број рецензии со пет ѕвездички, односно дека за една недела апликацијата ќе биде на пописот од десет најпопуларни апликации.

Како се постигнува таа манипулација во продавницата за апликации покажува една фотографија објавена на кинеската социјална мрежа Weibo која брзо се прошири на интернет. На оваа фотографија е прикажана жена која седи пред стотина iPhone-и, и како што напишале на Weibo, манипулира со резултатите на AppStore и оценките за апликации. Иако само екипата во Apple знае кои фактори одлучуваат за позицијата на некоја апликација сигурно е дека во нивниот AppStore еден од важните фактори е бројот на download а на Business Insider веруваат дека жената на фотографијата прави download и бришење на апликации од овие телефони и на нив дава “петки” за апликациите. 

{loadposition content9}