Skip to main content

Франција: Фрлена бомба во кафуле, повредени 12 лица

Во францускиот град Гренобл, на југоистокот на земјата, синоќа во кафуле експлодирала рачна бомба, при што биле повредени 12 лица.
 |  инфодеск  | 

Во францускиот град Гренобл, на југоистокот на земјата, синоќа во кафуле експлодирала рачна бомба, при што биле повредени 12 лица.

„Лицето влегло, фрлило граната, очигледно не кажало ниту збор, а потоа избегало. Напаѓачот носел и автоматска пушка од типот калашников која не ја користел.“, изјавил јавниот обвинител.

Сите повредени биле веднаш префрлени во Универзитетската болница Гренобл-Алпи, а здравствените работници се борат за животите на оние во најтешка состојба.

Градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиол, остро го осуди овој „невиден чин на насилство“ што ја потресе локалната заедница и им се заблагодари на службите за итни случаи и полицијата за брзата реакција и интервенција.

Фото: X