Skip to main content

Франција има нов премиер: Министерот за француски вооружени сили Себастијан Лекорну е петти премиер за помалку од две години

Себастијан Лекорну беше дел од кампањата за поранешниот претседател Никола Саркози кога имаше 16 години. Стана градоначалник на мал град во Нормандија кога наполни 18 години, а потоа стана најмладиот владин советник на поранешниот претседател Никола Саркози на 22 години.
 |  инфодеск  | 

Елисејската палата синоќа објави дека Министерот за француски вооружени сили Себастијан Лекорну, поранешен десничар лојален на францускиот претседател Емануел Макрон, е назначен за нов премиер.

Изборот на Лекорну, според Ројтерс, укажува на решеноста на Макрон да продолжи со малцинска влада цврсто зад неговата про-бизнис агенда за економски реформи, која вклучува намалување на даноците за бизнисите и богатите и повисока возраст за пензионирање.

Макрон беше принуден да го именува петтиот премиер на Франција за помалку од две години откако парламентот го отстрани Франсоа Бајру по девет месеци на функцијата поради плановите за намалување на растечкиот долг на земјата. Во соопштението од Елисејската палата се вели дека новиот премиер добил задача да се консултира со политичките партии со цел усвојување на следниот буџет на Франција.

Себастијан Лекорну беше дел од кампањата за поранешниот претседател Никола Саркози кога имаше 16 години. Стана градоначалник на мал град во Нормандија кога наполни 18 години, а потоа стана најмладиот владин советник на поранешниот претседател Никола Саркози на 22 години.

Фото: Ludovic Marin / Pool via AFP-Getty Images