Француската кујна и фламенкото заштитени од УНЕСКО
Хрватското ојкање, медитеранската исхрана, француската кујна, кинеската акупунктура и шпанското фламенко се најдоа на листата на УНЕСКО на светски нематеријални наследства вредни да се заштитат.
| Маја Савиќ | Свет
фламенко
Хрватското ојкање, медитеранската исхрана, француската кујна, кинеската акупунктура и шпанското фламенко се најдоа на листата на УНЕСКО на светски нематеријални наследства вредни да се заштитат.
На листата на традиции стари со векови чие опстојување е загрозено од глобализацијата и урбанизацијата се најдоа и древниот ујгурски танц, турските борби во масло, технологијата за изградба на непропустливи прегради во традиционалните кинески бродови и техниката на принтање од кинекската провинција Жеџијанг.
“Не сакаме нештата да бидат заглавени во минатото, туку да ги зачуваме работите кои имаат вредност во современиот живот. Тоа е живо наследтво, пренесувано од генерации на генерации, што на луѓето им дава идентитет,“ изјавила Сесил Дувел од УНЕСКО.
Прогласувањето на фламенкото за културно наследтво од страна на шпанската делегација во Наироби било дочекано со извикување Оле! Во Италија заштитувањето на медитеранската исхрана било прославено со гозба со шпагети со домати и маслиново масло.
Комисијата при УНЕСКО во вторникот листата на загрозени светски нематеријални неследства ја прошири за 50 нови традиции. Досега под закрила на организацијата се наоѓаа 166 нематеријални наследства на 77 народи, како што е аргентинското танго.
Претседателот на комисијата при УНЕСКО, Џејкоб оле Миарон, изразил разочарување што немало номинации од африканските земји и покрај богатото наследтво на континентот.
{loadposition content9}