Казната на американските власти од 10 милијарди долари за француската банка BNP PariBas предизвикала сериозни политички реакции.
Запрашан за коментар за казната, за француската телевизија France2, министерот за надворешни работи Laurent Fabius истакнал дека одлуката на американските власти претставува сериозен проблем во американско-француските односи.
“Сред преговори сме за трансатлантскиот трговски договор. Такво трговско партнерство може да се втемели само на основ на реципроцитет. Реципроцитет е незамислив ако во исто време се носи одлука од ваков тип”, рекол Fabius и додал дека едностраната казна е потполно неразумна.
Имено, американското министерство за правосудство ја казнила најголемата француска банка поради кршење на западните санкции спрема Иран, Судан и Куба. Потенцијалниот европско-американски трговски договор ќе биде најголем таков договор во историјата, а Франција лобира во него да се вметнат и финансиски услуги. Освен тоа, француските функционери се плашат дека плаќањето на толку голема казна ќе ја наруши способноста на BNP Paribas да ги кредитира тамошните компании, но и да изгуби меѓународни клиенти.
Инаку, Fabius не одрекува дека САД треба да ја казни BNP во случајот кршење санкции, но таа казна би морала да биде пропорционална и разумна, како што нагласил во разговорот за француската телевизија France2. Аналитичарите оценуваат дека истапот на министерот го открива стравот на Париз дека нема да наиде на разбирање во Вашингтон.
{loadposition content9}