Skip to main content

Франкфурт: Откажани 40 летови

Откажани 40 летови на најголемиот Германски аеродром

 |  инфодеск  | 

Работниците од обезбедувањето на франкфуртскиот аеродром кренале штрајк на предупредување во 02,00 часот утрово и нема да работат до 23,00 часот. Тие бараат зголемување на сатницата на 16 евра, пренесува агенцијата DPA.

Работодавачот им нуди помеѓу 10 и 13 евра на час.

Претпладнево се откажани 41 лет, а се формирале и долги редови за чекирање. Спрема зборовите на потпаролот на аеродромот не се исклучува можноста да има уште откажувања на летови.

Синдикатите во Германија често применуваат краткорочни штрајкови како би извршиле притисок на работодавачите. Нова рунда на преговори помеѓу синдикатот и работодавачот е закажан за 5-ти март.