Skip to main content

Фрицл хаус оф фан

Австриските власти ќе ја запечатат вратата од подрумот во кој Јозеф Фрицл 24 години ја држел заробена својата ќерка, откако местото станало популарно збиралиште за локалните тинејџери и наркомани.

 |  Маја Савиќ  | 
kuka
куќа на ужасот
Австриските власти ќе ја запечатат вратата од подрумот во кој Јозеф Фрицл 24 години ја држел заробена својата ќерка, откако местото станало популарно збиралиште за локалните тинејџери и наркомани.

Младите од Амстетен почнале редовно да влегуваат внатре преку отклучената врата од гаражата и да прават незаконски журки. Меѓу старите душеци, столчиња и компјутери кои таткото монструм ги оставил зад себе, биле пронајдени искршени шишиња алкохол и искористен прибор за дрогирање.
kuka na uzasot
Секоја од осумте соби во подрумот се одвоени со заклучени врати а во последната просторија во која главно престојувала ќерката Елизабет, може да се влезе само преку ниска челична врата сокриена од ред полици.

“Полиците беа тргнати а тајната врата подотворена. На неа нема брава. Јас не влегов внатре, иако беше очигледно дека некој веќе влегувал таму. Ужасно смрди, бидејќи нема свеж воздух а по ѕидовите има мувла. Меѓу младите од Амстетен стана многу кул да се каже дека си бил долу во подрумот. Не мора ни да кажеш во чиј, сите знаат што значи тоа”, раскажува еден од сведоците кои ѕирнале долу.

Анонимниот извор на Дејли Мејл вели дека целиот под бил покриен со измет од глувци и отпушоци од цигари. Натрапниците палат свеќи бидејќи нема струја во куќата, која властите планираат да ја урнат оваа пролет. Бидејќи ѕидовите се многу дебели, никој не може да примети дека долу е пуштена музика.

{loadposition content9}